Добиј извонредно доживување на звукот со Dolby Digital 5.1 опкружувачкиот звук кога гледаш SkyShowtime на уреди со вградена технологија 5.1.
Што е Dolby 5.1?
Dolby Digital 5.1 е технологија на звук што додава реализам и длабочина на ТВ-серии, филмови и други видови програми. Тоа го прави со комбинирање разни аудио канали. За да биде полесно за разбирање, еве образложение на каналите и на подобрувањата на звукот што тие ги овозможуваат:
-
Лево, во средина и десно: ти овозможуваат да слушаш јасен и чист дијалог
-
Лево опкружување и десно опкружување: прави да се чувствуваш како да си среде акцијата
-
Ефекти со ниска фреквенција (LFE), исто така се нарекуваат и „.1“: испорачуваат длабоки, моќни бас ефекти кои не само што можеш да ги слушнеш, туку и да ги почувствуваш
Овозможување Dolby Digital 5.1 на поддржаните уреди
Погледни го списокот со упатства подолу за тоа како да овозможиш опкружувачки звук на поддржани уреди бидејќи нашата апликација SkyShowtime во моментов нема поставки за оригинален звук.
-
Android TV – поставките за излез на звук се разликуваат во зависност од марката и од моделот. Провери го упатството или сајтот на производителот на твојот Android TV за конкретни упатства.
-
Компјутер – провери дали е вклучена функцијата „Spatial Sound“ (Просторен звук) во поставките за звук.
Како да знам дали слушам SkyShowtime во Dolby Digital 5.1?
Ако користиш аудиоприемник или саундбар, треба да се прикажани информациите за каналот за аудио што се добива од содржината на SkyShowtime што ја пушташ.
Не можам да слушам SkyShowtime во Dolby Digital 5.1 на мојот телевизор
Ако гледаш содржина од SkyShowtime на телевизор што нема вграден опкружувачки звук Dolby Digital 5.1, ќе се репродуцира само звукот Dolby Digital 2.0.
Не можам да овозможам опкружувачки звук на Chromecast
Ако го пресликуваш SkyShowtime на телевизор со вграден Chromecast, но тој телевизор има едноставни леви и десни аудиокабли поврзани со аудиоприемник Dolby Digital 5.1, тоа поставување нема да дозволи звукот Dolby Digital 5.1 да се репродуцира.
Ти треба повеќе помош? Контактирај нè.