Изјава за приватност на SkyShowtime
Последно ажурирана: септември 2024 година
SkyShowtime Limited (во понатамошниот текст „ние“, „наш“ или „нас“) е контролор на лични податоци за сите лични податоци собрани преку SkyShowtime веб-страницата, платформата и сродните апликации (под заеднички назив „SkyShowtime“), кои им овозможуваат на корисниците пристап до дигитални содржини по барање и поврзани услуги.
Ние разбираме дека приватноста ви е важна, па затоа и нам ни е важна! Ние сериозно ја сфаќаме вашата приватност кога ги обработуваме вашите лични податоци, кои опфаќаат информации коишто лично ве идентификуваат, како што се: име, податоци за контакт, податоци за плаќање, маркетинг преференции или податоци кои може да се поврзат со информации коишто може да ве идентификуваат директно или индиректно.
Оваа Изјава за приватност ги опишува нашите практики во врска со личните податоци кои ги обработуваме за вас, и правата и можностите коишто ги имате во однос на тоа како ги користиме вашите лични податоци.
Корисници под 18 години
Лицата под 18-годишна возраст не може да имаат сметка на SkyShowtime, но може да го користат SkyShowtime со согласност и надзор од родител или старател. Родителите или старателите со регистрирана сметка, исто така, може да креираат посебни профили за деца под 18 години, од поставките на сметката на SkyShowtime.
БРЗ ВОДИЧ ЗA
1. КАКО ГИ СОБИРАМЕ И ГИ КОРИСТИМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
2. КОГА ГИ СПОДЕЛУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
3. АВТОМАТИЗИРАНО ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКИ
4. ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ НАДВОР ОД ВАШАТА МАТИЧНА ЗЕМЈА
5. КОЛКУ ДОЛГО ГИ ЧУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
6. ЧУВСТВИТЕЛНИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
7. ВАШИТЕ ПРАВА НА ПРИВАТНОСТ
8. АЖУРИРАЊЕ НА ОВАА ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ
1. КАКО ГИ СОБИРАМЕ И ГИ КОРИСТИМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Личните податоци за вас ги добиваме на неколку начини: (i) директно од вас, (ii) преку автоматизирано собирање кога користите SkyShowtime; и (iii) од трети страни.
Ние ги користиме овие податоци поради различни причини (кои можеби сте ги сретнале под називот „законска основа“), меѓу кои:
- обезбедување побарана услуга, или извршување договорна обврска, за вас (како што е обезбедување на услугата на Skyshowtime),
- придржување до правна обврска која се однесува на нас (на пример, да обезбедиме дека ви е достапна соодветната библиотека со содржини),
- во случаи кога сте ни дале согласност (на пример, да ви праќаме маркетинг содржини); и
- во случаи кога користењето е неопходно за нашите легитимни интереси (или оние на трети страни) - легитимен интерес е убедлива причина за користење на вашите лични податоци, за што секогаш се прави проценка за да се осигура дека е избалансирано со вашите права и интереси. (Пример за ова е кога ги користиме вашите лични податоци за да ги потврдиме вашите права и пристап до SkyShowtime преку партнерска платформа на трета страна).
Ако одлучите да не ни ги дадете вашите лични податоци кога ќе ги побараме, или ако се противите на користењето на вашите личните податоци од нас, во случаи кога јасно сме ставиле на знаење дека тоа е задолжително, може да не бидеме во можност да ви ги обезбедиме услугите кои сте ги побарале или да ги исполниме целите за коишто сме ги побарале вашите лични податоци.
1.1 Лични податоци кои се собираат од вас за:
- Регистрирање и управување со вашата сметка (за да може да го спроведеме договорот што го имаме со вас): за да ја регистрирате сметката и за да ви обезбедиме функционалности на сметката на SkyShowtime, како што се: обезбедување пристап до сметката, одржување на сметката и овозможување соодветна грижа за корисници, како и за да ви праќаме административни информации, меѓу кои и информации за SkyShowtime и за измените на правилата и политиките, ни ги давате вашите лични податоци кога се најавувате на SkyShowtime и управувате со вашата сметка и со профилите. Најчесто, тоа се: вашето име и презиме, адреса, адреса на е-пошта, податоците за плаќање (како што се информации за вашата кредитна или дебитна картичка, за PayPal, Apple Pay или Google Pay), претпочитаните опции на сметката и информациите за различните кориснички профили кои ги создавате.
- Овозможување на грижа за корисници (неопходно за нашите легитимни интереси и за спроведување на договорот што го имаме со вас): за да ви се помогне да решите прашање во врска со нарачка, барање за поддршка или општо прашање, кога го контактирате тимот за грижа за корисници, може да биде побарано од вас да дадете лични податоци заради потврдување на идентитетот (како носител на сметката) и во врска со вашето конкретно барање. Најчесто, тука спаѓаат: вашето име, адреса на е-пошта, последните 4 цифри од платежната картичка, поштенскиот број, датумот на фактурирање, детали за прашањето или барањето, но може да спаѓаат и дополнителни информации потребни за да ви биде дадена бараната поддршка или други информации кои доброволно ќе ни ги дадете.
- Праќање пораки со директен маркетинг (со ваша согласност): во случаи кога сте се согласиле (или сте се регистрирале) да примате, преку е-пошта или push известувања, маркетинг пораки од нас, од нашите филијали и/или партнери, ќе ги споиме вашето име, адреса на е-пошта и понекогаш информациите за уредот со вашите маркетинг преференции. Може да го откажете добивањето маркетинг е-пошти преку линкот за откажување во секоја маркетинг порака од нас или со оневозможување на соодветното копче во поставките на сметката. Ако се откажете од добивањето маркетинг пораки, ќе продолжиме да ви праќаме административни и услужни пораки кога е неопходно. Може да се откажете од маркетинг преку push известувања со оневозможување на push известувањата на вашиот уред.
- Покани да учествувате во анкети, истражувања на пазарот, промоции, натпревари и наградни извлекувања (кои се неопходни за нашите легитимни интереси): може да обработуваме некои лични податоци за да ја одредиме вашата подобност за учество во анкети, промоции, натпревари и наградни извлекувања (онаму каде што ваквите активности не се класифицирани како директен маркетинг). Ова може да опфати податоци како што се информациите за вашата сметка (на пример, претпочитаните содржини за гледање, составот на домаќинството). Учеството е целосно доброволно и ќе добиете дополнителни информации за обработката на податоци за секоја поединечна анкета, истражување на пазарот, промоција, натпревар и/или наградно извлекување (вклучително и податоци за важечката законска регулатива) при регистрирањето на учеството.
1.2 Лични податоци кои ги собираме автоматски:
Во овој дел, под „податоци за прелистувачот и за уредот“, ние општо мислиме на: вашата MAC (Media Access Control) адреса, типот на уредот (Windows или Macintosh), резолуцијата на екранот, верзијата на оперативниот систем, типот на интернет-прелистувач и верзијата на SkyShowtime која ја користите. Под „податоци за апликации“, мислиме на податоци за користењето на апликациите, како што се времето и датумот кога апликацијата на вашиот уред пристапува до нашите сервери и какви информации и датотеки се преземени на апликацијата (без разлика дали се преземени на уред или на паметен телевизор). „IP-адреса“ се однесува на бројот кој давателот на интернет-услуги автоматски му го доделува на вашиот уред и кој автоматски се идентификува и евидентира во датотеките за евиденција на серверите кога ќе пристапите на SkyShowtime, заедно со времето на посетата и активноста на SkyShowtime.
- Обезбедување пристап до SkyShowtime ((i) спроведување на договорот и (ii) неопходно за нашите легитимни интереси): за да (i) ги исполниме нашите договорни обврски во врска со обезбедување на услугата на SkyShowtime и (ii) за да можеме да го пресметаме степенот на користење на SkyShowtime, да дијагностицираме технички проблеми, да ги следиме и да известуваме за успешноста на содржините на SkyShowtime (преку анализирање на однесувањето на корисниците при гледање), собираме одредени лични податоци кога го посетувате или кога имате интеракција со SkyShowtime. Најчесто, ние собираме информации како што се податоците за прелистувачот и за уредот, податоците за апликациите и IP-адресата.
- Обезбедување персонализирани препораки за содржини на SkyShowtime за профили за возрасни (извршување на договорот): Профилите за возрасни имаат опција за ограничување содржини во поставките на профилот, на пример:Семејство (вклучувајќи и содржини означени со соодветни за 12-годишници), Тинејџери (вклучувајќи и содржини означени со соодветни за 16-годишници), и Возрасни (сите содржини се достапни, вклучително и оние означени со соодветни за 18-годишници). Сите опции на профилите за возрасни ќе прикажуваат персонализирани содржини и препораки. Можно е да добиете препорака за секоја содржина достапна на профилот за возрасни, но пристапот да биде ограничен врз основа на поставките. За да ви обезбедиме персонализирани содржини/препораки за гледање како составен дел од услугата, ние собираме одредени информации за гледањето и информации за уредот (на пример, кога ќе гледате некој наслов). Најчесто, тоа се податоци за апликации, неодамна гледани наслови (и кога сте ги гледале), информации за прелистувачот и за уредот и IP-адресата. Нема можност за персонализирање кај профилите за деца.персонализирање кај профилите за деца.
- Праќање наменски реклами на социјални медиуми и сродни платформи ((i) со ваша согласност (врз основа на поставките на прелистувачот) и (ii) заради нашите легитимни интереси (и оние на нашите партнерски платформи/трети страни): За да (i) ви праќаме персонализирани реклами за SkyShowtime на социјалните медиуми и (ii) за да ја мериме ефективноста на нашите рекламни кампањи со технологија насочена кон публиката, ги собираме (и споделуваме со социјалните медиуми - погледнете во дел 2 подолу за повеќе информации за партнерските социјални медиуми) вашето име, адреса на е-пошта и информациите за начинот на користење на SkyShowtime. На пример, нашите партнерски социјални медиуми и платформи може да ги поврзат вашата адреса на е-пошта и други информации (хаширани) за вашиот начин на користење на SkyShowtime со вашите податоци на социјалните медиуми за да може да ви праќаме насочени реклами. Иако може да ви праќаме насочени реклами, ние не можеме да видиме дали сте вклучени на приспособениот список на публика и немаме пристап до информациите кои се чуваат на социјалните медиуми или на која било друга платформа. Може да се откажете од приспособеното рекламирање во секое време преку поставките на сметката на SkyShowtime. Погледнете ја Политиката за колачиња тука за информации за тоа што се колачиња (и други слични технологии) и за тоа како ги користиме.
- Ако имате претплата која вклучува реклами, за да ви обезбедиме соодветни и релевантни реклами ((i) извршување на договорот; (ii) почитување на законите; (iii) и (iv) неопходно за нашите легитимни интереси и оние на нашите рекламни партнери): за (i) да ви обезбедиме релевантни и соодветни реклами, на пример,реклами специфични за регионот или земјата (како понуда на производи достапни во вашиот регион или на јазикот во вашиот регион), рекламирање засновано на содржина (кога оние кои се рекламираат платиле рекламирањето да биде во одредени серии, или жанрови (на пример,комедија), (ii) да ги исполниме барањата на потрошувачите и законските норми за рекламирање (на пример,забрането рекламирање производи) (iii) да се осигураме дека рекламите се испорачуваат ефективно и се прикажуваат соодветно, и (iv) да вршиме анализа на реакциите на корисниците на рекламирањето на SkyShowtime. Најчесто, ние собираме информации како: податоци за прелистувачот и за уредот, податоци за апликациите (што за овие цели го опфаќа и нивото на вашата реакција на рекламите), податоци за користењето и IP-адресата. Нема рекламирање на содржини во Профилите за деца.
- Ако имате претплата што вклучува рекламирање и сте ја избрале опцијата за колачиња, за да ви праќаме персонализирани реклами (со ваша согласност (врз основа на поставките за колачиња) за потребите на нашето рекламирање и на она на нашите трети партнерски страни): за да ви праќаме поперсонализирани реклами во согласност со поставките за колачиња. За дополнителни информации, погледнете ја Изјавата за колачиња.
- Проценка на испорачливоста на маркетинг е-пошти(неопходно за нашите легитимни интереси): за да ја разбереме успешноста на маркетинг е-поштите кои ви ги праќаме (во случаи кога сте се согласиле или сте се регистрирале за да ги примате), и за да ги приспособиме идните маркетинг е-пошти коишто ќе ги праќаме врз основа на вашите реакции на претходните е-пошти, ние собираме одредени лични податоци на автоматизиран начин. Најчесто, тоа се информации за тоа дали сте отвориле некоја е-пошта и на што сте кликнале во е-поштата.
1.3 Лични податоци кои ги собираме од трети страни:
- Регистрирање и управување со сметката преку партнерска трета страна ((i) извршување на договорните обврски; (ii) неопходно за нашите легитимни интереси): во случај кога сте се регистрирале или сте пристапиле на SkyShowtime преку партнерска трета страна, ќе ѝ ги дадете на третата страна личните податоци преку нејзината услуга. Партнерската трета страна ќе ги сподели овие податоци со нас за да можеме (i) да потврдиме дека сте вие и да ви дадеме пристап до SkyShowtime и до нашите услуги во согласност со договорот што го имате со нас. Исто така, ние ќе ги користиме овие информации за (ii) дијагностицирање технички проблеми и за следење на успешноста на услугите во согласност со нашите интерни деловни процеси. Најчесто, во овие информации спаѓаат информации за потврдување на сметката (корисничко име или адреса на е-пошта и лозинка, на пример) и слични акредитиви, пребарувања, најавување, податоци за прелистувачот и за уредот и IP-адресата.
1.4 Општа употреба на личните податоци:
- Интерна анализа на збирните и анонимизираните податоци (неопходно за нашите легитимни интереси): ние може да ги користиме сите информации кои ни ги давате или коишто ги собираме за вас во збирна и/или во анонимизирана форма. Во оваа форма нема да може директно да бидете идентификувани според податоците. На пример, користење лични податоци собрани преку вашето користење на SkyShowtime за пресметување на процентот на наши корисници на кои им се допаднала некоја серија или филм. Ги користиме збирните и/или анонимизираните податоци генерирани за различни цели, меѓу другото, и за да развиваме нови производи и услуги, за да ги подобриме или приспособиме сегашните производи и услуги, за да ја определиме ефективноста на промотивните кампањи за да може да ги приспособиме кампањите поблиску до потребите и интересите на корисниците, и за да го водиме и прошируваме бизнисот, на пример, за да разбереме кои делови од SkyShowtime им се најинтересни на корисниците за да можеме ефективно да ги насочиме ресурсите и развојот.
- Усогласеност со Условите на користење при собирање на вашите лични податоци (неопходно за нашите легитимни интереси): за да бидеме сигурни дека услугите и содржините се користат само на начини кои се изречно дозволени во Условите на користење (како што се ажурираат со текот на времето), нашите процедури за почитување на Условите на користење може да се применуваат на сите горенаведени лични податоци кои ги чуваме за вас.
- Преносливост на содржините (усогласеност со законска обврска): за да определиме која библиотека со содржини е соодветна да ви ја прикажеме, ние собираме лични податоци кои ни помагаат да ја потврдиме вашата земја на постојан престој. Овие информации може да ги вклучат: IP-адресата, адресата за фактурирање и информациите за плаќање.
- Ревизии (внатрешни и надворешни) и усогласеност (усогласеност со законска обврска): за да потврдиме дека нашите интерни процеси се во согласност со законските, регулаторните и договорните барања, процесот на спроведување ревизија и усогласеност може да важи за сите лични податоци кои ги чуваме за вас.
- Измами и безбедност (неопходно (i) за нашите легитимни интереси или (ii) усогласеност со законска обврска, во зависност од ситуацијата): за да ги спроведеме проверките за измами и безбедност, на пример, за да откриеме или спречиме кибер напади или обиди за кражба на идентитет, и за да ги заштитиме нашите права на содржините, вклучително и заштита на нашите интереси и на правата во врска со содржините кои ги објавуваме на SkyShowtime, процесот на проверка за измами и безбедност може да важи за сите лични податоци коишто ги чуваме за вас.
- За водење на нашето деловно работење (неопходно за нашите легитимни интереси): за да работиме ефикасно во рамките на нашиот деловен модел и структура, така што ефективно ќе им служиме на корисниците, вклучително и преку користење различни централизирани и локализирани деловни функции, нашите административни процедури важат за сите лични податоци кои ги чуваме за вас.
- Законски барања (неопходно за (i) усогласеност со законска обврска или (ii) за наши легитимни интереси, во зависност од ситуацијата): за да се браниме ефикасно или да поднесуваме барања за заштита на нашите законски права и интереси и да одговориме на истраги од регулаторни тела или од органи за спроведување на законот, нашиот процес за законски барања може да се применува на сите лични податоци кои ги чуваме за вас.
2. КОГА ГИ СПОДЕЛУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Ние ги споделуваме вашите лични податоци како што е опишано подолу, за целите опишани во оваа Изјава за приватност.
- Партнерски трети страни: · Ако се регистрирате или пристапите до SkyShowtime преку трета страна или со друг производ или услуга (како што е продавница за апликации или во случаи кога SkyShowtime е вклучен како дел од пакет на друга ТВ-платформа или давател на услуги), ние ги споделуваме вашите лични податоци со овие трети страни во врска со вашето користење на SkyShowtime, како што се идентификацијата на корисникот и IP-адресата.
- Изведувачи, подизведувачи и даватели на услуги: Ние ги споделуваме вашите лични податоци со трети страни кои даваат услуги во наше име (и во некои случаи, во име на нашите филијали), за да ги олесниме услугите кои ни ги даваат. Тука може да спаѓаат: консултанти од други компании на Comcast Group и Paramount, даватели на професионални консалтинг услуги (правници и сметководители), даватели на услуги вклучени во хостирање, маркетинг технологија, анализа на податоци, обработка на плаќања, обработка на нарачки, обезбедување инфраструктура, ИТ-услуги, грижа за корисници, испорака на е-пошти, ревизија и други слични услуги.
- Маркетинг и рекламни партнери: Со ваша согласност, ние ги споделуваме вашите лични податоци со трети страни (меѓу кои и со компании на Comcast Group и Paramount) за да им овозможиме да ви праќаат маркетинг пораки според вашите маркетинг преференции.и да управуваат со рекламните партнери (онаму каде што имате претплата со реклами). Главно ја користиме FreeWheel (Comcast Company) за да добиеме пристап до рекламните партнери. FreeWheel има улога на независен контролор за насоченото рекламирање. За оние случаи каде што тие се контролори, ќе ја најдете нивната политика за приватност тука.
- Партнерски социјални медиуми: (вклучително и Meta - Facebook) заради објавување јавни реклами на социјални медиуми. Во зависност од вашите поставки за приватност и активностите на таквите мрежи, може да ги споделиме податоците за контакт, информациите за идентификација и демографските податоци, содржините генерирани од корисникот, информациите и идентификаторите на уредот, податоците за поврзување и користење, и информациите за социјалните медиуми. Имајте предвид дека Meta Ireland е заеднички контролор за заедничка обработка (како што е утврдено тука). Дополнителни информации (вклучително и основата врз која се потпира Meta Ireland и како може да ги остварите правата како субјект на податоци) може да се најдат тука во Политиката за податоци на Meta Ireland.)
- За наша заштита или заштита на другите (вклучително и ваша заштита): Ги споделуваме вашите лични податоци ако се бара тоа од нас за усогласување со(и/или кога разумно веруваме дека од нас се бара да почитуваме) одредена законска или регулаторна обврска, како што се судски налози, постапки од регулаторни тела или од органи за спроведување на законот; или за да спроведеме договор кој го имаме со вас; или за да ги заштитиме правата, имотот, безбедноста или сигурноста на SkyShowtime, филијалите, вас, други трети страни, корисниците на SkyShowtime или јавноста.
- Деловни преноси: Имаме легитимен интерес да ги откриеме или пренесеме вашите лични податоци на трета страна во случај на реорганизација, спојување, продажба, заеднички потфат, пренос или друго располагање со цел или дел од бизнисот, услугите, средствата, акциите (вклучително и во врска со стечај или слични постапки). Таквите трети страни може да вклучат, на пример, субјект кој се презема и неговите советници.
- Заради почитување на нашите правила и услови: вклучително и за заштита на нашите интереси и правата на содржините кои ги објавуваме на SkyShowtime, или други договори коишто ги имаме со вас и за да ни се овозможи да применуваме достапни правни лекови или да ги ограничиме штетите кои може да ги претрпиме како резултат на некое дејство, како врз основа на судски налог и користење услуги од агенции за наплата на долгови.
3. АВТОМАТИЗИРАНО ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКИ
Не користиме автоматизирано донесување на одлуки за какви било законски или други значајни аспекти на вашата сметката кај нас.
4. ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ НАДВОР ОД ВАШАТА МАТИЧНА ЗЕМЈА
Имајте предвид дека со оглед на меѓународниот делокруг на SkyShowtime, вашите лични податоци може да се чуваат и обработуваат во која било земја каде што имаме капацитети или каде што ангажираме даватели на услуги. Со користењето на SkyShowtime, разбирате дека вашите лични податоци може да бидат пренесени во други земји, надвор од вашата земја на постојан престој, вклучувајќи и локации како што се Соединетите Американски Држави, каде што може да има различни правила за заштита на личните податоци од оние во вашата земја.
Заради заштита на вашите лични податоци, SkyShowtime ги пренесува вашите лични податоци само во рамките на Европската Унија и во земјите за кои Европската комисија смета дека имаат воспоставено соодветно ниво на заштита. Во случаи кога ова не е возможно, користиме стандардни договорни клаузули усвоени од регулаторните тела, како што е Европската комисија. Имате право да добиете копија од мерките на земјата примател или од безбедносните мерки кои ги користиме, така што ќе нè контактирате како што е наведено на крајот од оваа Изјава за приватност.
5. КОЛКУ ВРЕМЕ ГИ ЧУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Ние ќе ги задржиме вашите лични податоци онолку колку што е неопходно или дозволено, имајќи ги предвид целите за кои биле собрани и во согласност со применливите закони.
Критериумите кои ги користиме за да определиме колку долго ќе ги задржиме податоците се:
- Колку долго имаме правен однос со вас и ви ја обезбедуваме услугата на SkyShowtime (на пример, додека имате сметка кај нас или продолжувате да користите SkyShowtime), и во случаи кога имаме легитимен интерес и понатаму да ги задржиме вашите лични податоци како што е наведено во оваа Изјава за приватност;
- Во случаи кога постои законска обврска која мора да ја почитуваме (на пример, одредени закони бараат од нас да ги зачуваме вашите трансакции одреден временски период пред да може да ги избришеме, како што се регулаторни, даночни и ревизиски закони);
- Во случаи кога се препорачува задржување поради нашата правна положба (на пример, во врска со важечки рокови за застареност, парници или регулаторни истраги); и
- Сите насоки издадени од соодветни правни органи и органи за заштита на податоци.
6. ЧУВСТВИТЕЛНИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Бараме од вас да не ни праќате чувствителни лични податоци (на пример: матични броеви, информации за расна или етничка припадност, сексуална ориентација или сексуален живот, политички мислења, религиозни или филозофски убедувања, информации за вашата здравствена состојба, криминално досие или членство во синдикати) на или преку SkyShowtime или на друг начин, освен ако изречно не ги побараме тие информации. Ако ни ги давате тие информации проактивно и доброволно, ќе се смета дека сте дале согласност да ги обработуваме.
7. ВАШИТЕ ПРАВА НА ПРИВАТНОСТ
Имате право да пристапите, да ги коригирате, да ги оспорите, ограничите, избришете, пренесете вашите лични податоци, да ја повлечете согласноста (кога стои како законска основа, како што е наведено погоре) и да бидете информирани како ги користиме вашите лични податоци. Може да поднесете барање тука, или да нè контактирате преку нашиот Центар за помош (ќе треба да се најавите за да може да пристапите). Имајте предвид дека може да го користите Центарот за помош и за да: доставувате прашања или коментари за SkyShowtime; променувате некои од личните податоци на сметката на SkyShowtime; разговарате за прашања во врска со фактурирањето (вклучително и за откажување на претплатата); поставувате прашања за содржините, техничките или промотивните аспекти; или да побарате помош за пристап или управување со сметката на SkyShowtime.
Вие или вашиот овластен застапник може да го поднесете барањето или сите други прашања или дилеми за оваа Изјава или за нашите практики на обработка на личните податоци, вклучително и барање за пристап до податоци на субјект, барање за бришење, или остварување на некои права на приватност кои ви се достапни во вашата земја, со тоа што ќе нè контактирате на: privacy@skyshowtime.com. Ќе одговориме на вашето барање во согласност со применливиот закон. Имајте предвид дека овие права може да бидат ограничени во одредени околности, на пример, ако со давањето на бараните информации, се откриваат личните податоци на друго лице. Заради ваша заштита, може да биде потребно да го потврдиме вашиот идентитет пред да одговориме на барањето. Ако сте овластен застапник, може да побараме доказ дека имате овластување да постапувате во име на носителот на сметката.
Може и да ни пишете на: Compliance Team, SkyShowtime Limited, Sky Central, Grant Way, Isleworth, Middlesex, TW7 5QD, United Kingdom.
Нашиот офицер за заштита на личните податоци („DPO“) е одговорен да обезбеди заштита на вашите лични податоци и усогласеност со законите за заштита на личните податоци. Може да го контактирате нашиот DPO на dpo@skyshowtime.com за сите прашања или дилеми во врска со личните податоци.
Имајте предвид дека комуникација преку е-пошта не е секогаш безбедна, така што не внесувајте информации за кредитни картички или други чувствителни информации во вашите е-пошта пораки кои ги праќате до нас.
Имате право да поднесете жалба во врска со нас до Канцеларијата на комесарот за информации на Обединетото Кралство (www.ico.org.uk) или до локалното тело за заштита на личните податоци („DPA“). Список на DPA во ЕУ може да најдете тука.
8. АЖУРИРАЊЕ НА ОВАА ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ
Може да ја измениме оваа Изјава за приватност во секое време. Ќе ве известиме за сите важни измени ако имаме правен однос со вас и на друг начин повремено ќе ги објавуваме ажурираните верзии на веб-страницата. Погледнете ја легендата ПОСЛЕДНО АЖУРИРАНА најгоре на оваа страница, за да видите кога оваа Изјава за приватност е ажурирана последен пат. Сите измени на оваа Изјава за приватност стануваат полноважни кога ќе ја објавиме ревидираната Изјава за приватност на или преку веб-страницата на SkyShowtime.