Центар за помош

Веб-локацијата на SkyShowtime не функционира


Ако се соочуваш со проблеми при стримувањето содржина на веб-локацијата на SkyShowtime, еве неколку чести сценарија и совети за решавање на проблеми кои ќе ти помогнат да го решиш проблемот. 

  

Грешки „Стримувај наскоро“ или „Недостапно во твојот регион“ 

  

Ако се појават вакви грешки на компјутерот/лаптопот или мобилниот уред, обиди се со следниве чекори: 

  

1. Провери ја IP-адресата: осигури се дека IP-адресата се совпаѓа со твојата гео-локација. 

2. Оневозможи VPN: осигури се дека не си поврзан со VPN. 

3. Менувај ги прелистувачите или користи режим „Инкогнито“: обиди се да стримуваш од друг прелистувач или во режим „Инкогнито“. 

4. Промени го мрежното поврзување: ако проблемот настане на мобилен уред, префрли се од домашниот широкопојасен интернет на интернет од мобилен телефон (хотспот) или обратно. 

5. Ребутирај го рутерот: понекогаш, ребутирањето на рутерот може да реши проблеми поврзани со мрежното поврзување. 

  

Баферирање или грешки „Нешто тргна наопаку“/„Интернетот не функционира“ 

  

Ако се соочиш со баферирање или вакви грешки додека гледаш содржини онлајн, обиди се да ги примениш следните совети за решавање проблеми: 

  

1. Обиди се да гледаш различна содржина: ако со другите ТВ-серии или филмови нема проблеми, можно е содржината која се обидуваш да ја гледаш да е неисправна. Контактирај нè и ќе го пријавиме проблемот кај нашиот технички тим. 

2. Провери ја брзината на интернетот: осигури се дека брзината на интернетот е соодветна за стримување. 

3. Промени го мрежното поврзување: ако проблемот настане на мобилен уред, префрли се од домашниот широкопојасен интернет на интернет од мобилен телефон (хотспот) или обратно. 

4. Менувај ги прелистувачите или користи режим „Инкогнито“: обиди се да стримуваш од друг прелистувач или во режим „Инкогнито“. 

5. Исчисти ги кеш-меморијата и колачињата: расчистувањето на податоците од прелистувачот често помага да се решат проблемите. Официјалните упатства, во зависност од прелистувачот, се дадени подолу: 

 

 

6. Провери дали се достапни ажурирања: осигури се дека прелистувачот и уредот се ажурирани со најновата верзија. 

  

Дополнителна поддршка 

  

Ако проблемот опстојува, контактирај нè и дај им ги следниве информации на нашите агенти за грижа на корисници: 

  

- Марка/модел/верзија на оперативен систем на твојот уред 

- Име/верзија на прелистувач 

- Име на твојот интернет-оператор 

  

Тогаш, нашите агенти подетално ќе го разгледаат проблемот со цел да се реши. 


Дали ова ви беше корисно?