Центар за помош

Решавање проблеми со преводите на SkyShowtime


За сите содржини на SkyShowtime има достапни преводи на повеќе јазици. Ако имаш проблеми со преводите, како на пример, бираш еден јазик, но се прикажува друг или, пак, не можеш да го вклучиш преводот, пробај ги следниве чекори за решавање на проблемите.

 

Одјави се и најави се пак 

 На SkyShowtime.com 

 

  1. На твојата сметка на SkyShowtime, кликни на иконата на профилот во горниот десен агол на страницата. 

  1. Избери „Одјави се“ од паѓачкото мени. 

  1. Почекај неколку минути и најави се повторно. 

 

Во апликацијата SkyShowtime 

  1. На почетната страница на апликацијата, кликни на твојот аватар. 

  1. Избери го копчето „Сметка“. 

  1. Оди во „Поставки“ и оди најдолу на екранот. 

  1. Кликни на „Одјави се“. 

  1. Почекај неколку минути и најави се повторно. 

  

Рестартирај го прелистувачот или уредот 

  1. Затвори го и повторно отвори го прелистувачот. 

  1. Друга опција е да го рестартираш уредот. 

  1. Исто така, можеш да се обидеш да пристапиш до твојата сметка на SkyShowtime во режим инкогнито за да ја отфрлиш можноста дека проблемите се поврзани со прелистувачот. 

 

Сѐ уште имаш проблеми? 

Ако проблемот сѐ уште постои, слободно контактирај нѐ. Задолжително треба да ни го кажеш името и бројот на епизодата, како и насловот на серијата или филмот со кој имаш проблеми. Ние ќе му ги пренесеме тие информации на нашиот Тим за содржини за да го истражат проблемот. 


Дали ова ви беше корисно?