Центар за помош

Мојата апликација SkyShowtime не функционира


Еве неколку совети за решавање проблеми што би можеле да се појават во апликацијата SkyShowtime на мобилните уреди, кои ги вклучуваат следниве сценарија:   

   

  • Апликацијата SkyShowtime не се појавува во продавницата за апликации.   

  • Ја добиваш грешката „Содржината не е достапна во твојот регион“.   

  • Содржината што се обидуваш да ја пуштиш или апликацијата истекува и баферира/доцни.  

  • Не можеш да преземеш содржина и покрај тоа што го имаш точниот план и си во рамките на ограничувањата за преземање.  

  • Иконата за емитување не се појавува и не можеш да пресликуваш содржини на телевизорот. 

  • Имаш проблеми со најавување во апликацијата.  

 

Што да направиш? 

Ако се имаш најавено на точната сметка и гледаш во една од земјите во кои сме присутни, обиди се со следниве чекори:  

 

  • Рестартирај го мобилниот уред: едноставно рестартирање на уредот може да реши разни проблеми.   

  • Провери дали IP-адресата на твојата широкопојасна мрежа се совпаѓа со твојата геолокација.  

  • Префрли се од домашен широкопојасен интернет на мобилна врска (hotspot) или обратно за да видиш дали има некаква разлика.  

  • Провери дали некој од VPN-те што ги користиш се исклучени.   

  • Рестартирај го рутерот за да ги решиш потенцијалните проблеми со поврзувањето.    

  • Пушти друга содржина: ако епизодата или филмот што се обидуваш да ја гледаш не се вчитува или те враќа назад на почетната страница веднаш откако ќе го притиснеш копчето „пушти“, пробај да гледаш други содржини. Ако се пуштаат добро, голема е веројатноста дека конкретната епизода или филм што се обидуваш да ги гледаш се оштетени. Ако е така, ние ќе го пријавиме проблемот кај нашите технички тимови. 

  • Ажурирај го оперативниот систем на твојот мобилен уред.   

  • Преземи ја и одново инсталирај ја апликацијата SkyShowtime на твојот уред. Со ова ќе се отстранат сите преземени ТВ-серии и филмови од твојот паметен телевизор и ќе се одјавиш од сметката на SkyShowtime.  

  • Ресетирај ја лозинката. Веб-локацијата ќе побара од тебе да ја внесеш твојата адреса на е-пошта, па употреби ја таа со која првично се имаш регистрирано. Ако твојата адреса на е-пошта е неточна, на пример, поради печатна грешка, контактирај нѐ и ние ќе ти помогнеме да ја коригираш.    

  

Ти треба дополнителна помош? 

Ние сме тука да помогнеме! Контактирај нѐ и нека ти бидат подготвени следниве информации 

   

  • Марка/модел/верзија на оперативен систем на твојот мобилен уред. 

  • Име на твојот интернет-оператор.  

  • IP-адреса. 


Дали ова ви беше корисно?