Следи ги овие чекори ако не можеш да пристапиш до својата сметка на SkyShowtime:
-
Оди наskyshowtime.com/forgot.
-
Внеси ја адресата на е-пошта што е поврзана со твојата сметка на SkyShowtime и следи ги упатствата од добиената е-порака за да поставиш нова лозинка. Провери ја папката со рекламни материјали ако не можеш да ја најдеш е-пораката во сандачето за дојдовни е-пораки.
Имај предвид дека врската ќе биде важечка само 3 часа по поднесувањето на барањето.
-
Откако ќе ја добиеш е-пораката, кликни на „Ресетирај лозинка“ и зачувај ја новата лозинка.
Ако не ја добиеш врската за ресетирање на лозинката, може да кликнеш на копчето „Прати повторно“. Препорачуваме да ја провериш својата адреса на е-пошта или други информации при регистрација за да избегнеш печатни грешки или создавање повеќе сметки.
Ако ти треба дополнителна помош при најавувањето, контактирај нѐ.