Планот Премиум на SkyShowtime ти овозможува да преземеш 100 содржини од кои до 30 филма одеднаш, на сите поддржани уреди преку апликацијата SkyShowtime.
Преземање содржини
-
Инсталирај ја апликацијата SkyShowtime на твојот уред.
-
Најави се со истите податоци за најава што ги употреби кога се регистрира за услугата.
-
Избери профил, па избери ја ТВ-серијата или филмот што сакаш да го преземеш.
-
Кликни на „Преземи“.
Преземањата ќе останат на твојот уред 48 часа од првиот пат кога ќе ги гледаш или 30 дена ако сè уште не се изгледани.
Еден наслов може да се презема онолку пати колку што сакаш, сè додека е сè уште достапен на SkyShowtime.
Пристап до твоите преземања
-
Најави се на апликацијата SkyShowtime.
-
Избери го профилот што го користеше за преземање на содржините.
-
Допри ја стрелката надолу што се наоѓа најдолу на екранот – твоите преземања се зачувани во овој дел.
Ти треба помош? Контактирај нè.