Центар за помош

Како да го надградиш или намалиш твојот план


Важно е да знаеш дека може да се префрлиш само на планови со исто времетраење. На пример, ако во моментов имаш Стандарден - месечно, може да се префрлиш само на Стандарден со реклами - месечно или да го надградиш на план за претплата Премиум - месечно.   

 

Исто така, секогаш кога ќе се префрлиш на друг план, без разлика дали е надградба на поскап или намалување на поевтин, трајно ќе ги изгубиш сите понуди или попусти што моментално се применуваат на твојата сметка. 

 

Следи ги овие чекори ако се имаш регистрирано директно на веб-локацијата на SkyShowtime: 

 

  1. Кликнете на „Промени ја претплатата“. 

  1. Избери план на којшто сакаш да се префрлиш. 

 

Ако се имаш претплатено преку еден од нашите оператори-партнери, имај на ум дека процесите наведени погоре не важат. За какви било прашања во врска со надградба, намалување или понуди, контактирај го твојот оператор директно. 

 

Кога ќе стапат во сила промените? 

Кога ќе го надградиш, новиот план стапува во сила веднаш. Автоматски ќе ти бидат вратени средствата за неискористените денови од претходната претплата или понуда. 

 

Ако одлучиш да го намалиш планот и да се префрлиш на план со пониска цена, промените ќе стапат на сила на крајот на тековниот циклус на наплата. Дотогаш, ќе може да продолжиш да уживаш во придобивките од претходниот план. 

 

Промена на времетраењето на твојот план 

За да се префрлиш од месечен на годишен план на плаќање и обратно, мора да го контактираш нашиот тим за Грижа за корисници кој ќе го откаже твојот тековен план за тебе. Откако ќе ти биде откажан тековниот план, може да го повториш процесот на претплата на skyshowtime.com и да го избереш планот на плаќање за којшто сакаш да се регистрираш. 

 

Ти треба повеќе помош? Контактирај нè. 


Дали ова ви беше корисно?