Центар за помош

Што да направиш ако ти биде одбиен начинот на плаќање


Твојот начин на плаќање можеби е одбиен поради неколку причини како што се:

 

  • Недостаток на расположливи средства

  • Истечена картичка

  • Користење припејд картичка

  • Твојата банка го блокираше плаќањето од безбедносни причини

  • Земјата што ја издала картичката е различна од онаа што ја користиш за регистрирање

  • CVV-бројот не е правилно внесен


Расположливи средства

Пред да се обидеш повторно да го ажурираш начинот на плаќање, провери дали имаш доволно средства на картичката и дали е сè уште вaжечка.

 

Обиди се да платиш повторно во режим на приватно прелистување 

Може да се обидеш да користиш друг прелистувач или да го отвориш тековниот прелистувач во режим инкогнито. Еве ги упатствата за користење на режимот инкогнито во прелистувачите што ги поддржуваме:

 

 

Обиди се повторно со нарачката

Во случај да не дојде до продолжување на твојата претплата, ќе се обидуваме да извршиме наплата преку твојата картичка секој ден три дена по ред, па секој втор ден, а потоа до 27 дена или максимум 15 обиди. Ако плаќањето за претплатата не успее по повеќе обиди, твојот план ќе биде откажан автоматски.

Внимавај, откажувањето на планот може да резултира со губење на попустот од 50 %.


Дали ова ви беше корисно?