Откажувањето на планот на SkyShowtime е едноставно и може да се направи онлајн во секое време.
Имај предвид дека со откажување на претплатата ќе се поништат сите попусти што можеби биле применети на твојата сметка и нема да можеш да ги вратиш ако го рестартираш планот подоцна. Исто така, не заборавај да ги откажеш сите директни задолжувања што можеби ги имаш поставено со банката.
За да ги откажеш, следи ги чекорите подолу, во зависност од тоа како се имаш регистрирано.
Се претплатив на веб-локацијата на SkyShowtime.
Ако се имаш претплатено директно преку нашата веб-локација и сакаш да го откажеш пакетот, следи ги следниве едноставни чекори:
- Оди на твојата сметка на SkyShowtime.
- Во делот со планот и плаќања, избери „Откажи ја претплатата“.
- Избери една од причините за откажување на претплатата, а потоа притисни на „Продолжи“.
- Потврди го откажувањето со кликнување на „Откажи пакет“.
Друга опција за откажување на претплатата е да кликнеш на „Промена на претплатата“ и да ги следиш истите чекори.
Откако ќе откажеш, ќе добиеш е-пошта за потврда на твојата регистрирана адреса на е-пошта, со кој ќе те известиме уште колку долго ќе имаш пристап до услугата. Може да ги гледаш содржините додека не заврши твојот циклус на наплата, без разлика на тоа дали претплатата е месечна или годишна. Исто така, твојот профил на SkyShowtime ќе биде активен за да можеш да ја рестартираш претплатата во секое време.
Се претплатив преку Google Play/App Store
Ако се имаш претплатено на SkyShowtime преку Google Play Store или App Store, ќе треба да ја откажеш претплатата таму, бидејќи продавницата за апликации е таа што управува со твојата претплата.
Откажување пакет во App Store (уреди Apple)
За да го откажеш пакетот на SkyShowtime на iPhone или на iPad, следи ги овие чекори:
- Отвори ја апликацијата „Поставки“ на уредот Apple.
- Допри на твоето име што се наоѓа најгоре на екранот.
- Избери ја опцијата „Претплати“.
- Најди ја и избери ја претплатата на SkyShowtime..
- Кликни на копчето „Откажи пакет“ за да потврдиш.
Откако ќе ги завршиш овие чекори, ќе видиш нова страница со детали кога ќе заврши твојата претплата на SkyShowtime. Покрај тоа, ќе ти биде дадена опција повторно да ја активираш претплатата ако се предомислиш.
Откажување пакет во Google Play Store (уреди Android)
Ако сакаш да ја откажеш претплатата на SkyShowtime на уред Android, следи ги овие три едноставни чекори:
- Оди на твоите Google Play „Претплати“ .
- Побарај ја претплатата на SkyShowtime и избери ја.
- На крај, допри на „Откажи пакет“ за да ја откажеш претплатата.
Се претплатив преку партнер-давател на услуги
Ако се имаш претплатено преку локален давател на услуги, ќе треба да го откажеш пакетот кај него директно.
Сè уште ти треба помош? Контактирај нè.