Центар за помош

Извршена е наплата по откажувањето на SkyShowtime


Можеби ќе продолжи да ти се наплатува дури и по откажувањето на планот на SkyShowtime од разни причини. 

  

Ја избриша сметката, но не го откажа директното задолжување

Бришењето на податоците и сметката на SkyShowtime не ги откажува автоматски директните задолжувања што можеби ги имаш поставено за да плаќаш за услугата. Ние препорачуваме да ги следиш овие чекори за откажување и да го избришеш директното задолжување во твојата банка.  

  

Имаш повеќе од една сметка на SkyShowtime? 

Можеби имаш други активни сметки на SkyShowtime. На пример, веројатно се имаш регистрирано за нашата услуга преку апликацијата SkyShowtime и исто така можеби имаш создадено сметка користејќи друга адреса на е-пошта онлајн.  

  

Некој друг ја рестартирал твојата претплата 

Исто така, можно е дека некој можеби случајно ја рестартирал твојата претплата на SkyShowtime. Ако се случило тоа, ти предлагаме да се одјавиш од сите уреди и да ја ресетираш лозинката за да се осигуриш дека никој друг нема да може да ја користи твојата сметка на SkyShowtime.  

  

Ти препорачуваме податоците за наплата и плаќањата да ги провериш онлајн, а не преку апликацијата, бидејќи онлајн-сметката ги има најновите и најточните информации. 

 

Ти треба повеќе помош? Контактирај нè. 


Дали ова ви беше корисно?