Ако штотуку се имаш регистрирано на SkyShowtime и гледаш две трансакции на банкарскиот извод, тоа е веројатно затоа што едната е вистинско плаќање што го имаш направено, а другата е само стандарден надоместок за авторизација.
Надоместокот за авторизација е начин да се провери дали начинот на плаќање што го користиш има доволно средства, но парите всушност не се земени. Тој ќе исчезне од банкарскиот извод во рок од 3-5 работни дена.
Погледни ја табелата подолу за да колкав е надоместокот за авторизација.
Надоместоци за авторизација според земја/валута
Земја | Валута | Надоместок за авторизација |
---|---|---|
Албанија | EUR | 1,00 |
Андора | EUR | 1,00 |
Босна | EUR | 0,50 |
Бугарија | EUR | 1,00 |
Хрватска | EUR | 0,50 |
Чешка | CZK | 20,00 |
Данска | DKK | 10 |
Финска | EUR | 1 |
Унгарија | HUF | 250,00 |
Косово | EUR | 1,00 |
Црна Гора | EUR | 1,00 |
Холандија | EUR | 1,00 |
Северна Македонија | EUR | 1,00 |
Норвешка | NOK | 20 |
Полска | PLN | 2,00 |
Португалија | EUR | 0,50 |
Романија | EUR | 1,00 |
Србија | EUR | 1,00 |
Словачка | EUR | 0,50 |
Словенија | EUR | 1,00 |
Шпанија | EUR | 1,00 |
Шведска | SEK | 10 |
На пример, ако се регистрираш на SkyShowtime во Шведска, твојот надоместок за авторизација ќе биде 10 SEK. Откако ќе се провери дали твојот начин на плаќање има доволно средства, надоместокот од 10 SEK се поништува. Потоа ќе ти наплатиме 39,50 SEK од картичката (трошок за месечна претплата).
Почекај 3 – 5 работни дена и надоместокот за авторизација од 10 SEK ќе исчезне од банкарскиот извод.
Ти треба повеќе помош? Контактирај нè.