Спектакуларното враќање на Yellowstone - нови епизоди од сезона 5B се стримуваат сега.

Yellowstone

Каде е снимена серијата „Yellowstone“?

Иако серијата „Yellowstone“ е снимена на вистински ранч кој постои и функционира, многу од локациите се измислени и се снимени на различни места низ САД. Ќе ви покажеме некои од најпознатите места од „Yellowstone“ и од спиноф сериите „1883“ и „1923“, кои ја раскажуваат оригиналната приказна за “Yellowstone“. Од зградите и ранчот каде што е снимена серијата „Yellowstone“, па сѐ до пејзажите и пространите рамнини, ќе ви дадеме увид во серијава која визуелно ве остава без здив.

Истражи ги автентичните локации на кои е снимена серијата „Yellowstone“

Ранчот на семејството Датон во серијата „Yellowstone“
Центарот на серијата, ранчот на семејството Датон е главната локација во серијата. Главно е снимен на ранчот „Поглаварот Џозеф“ во Дарби, Монтана. Тимот на серијата „Yellowstone“ снима на локацијата, во главната зграда, амбарите, колибата за трапери и куќата за преноќување. Ако сте голем обожавател, може и да застанете и да престојувате на ранчот. Погледнете ги сите овие локации на мапата на ранчот на семејството Датон. Сакате да направите тура? Одјавајте дотаму!
„Yellowstone: One-Fifty“

„Yellowstone: One-Fifty“

Документарец за природата ¦ 4 епизоди

На 150-годишнината од неговото основање, актерот Кевин Костнер го истражува Националниот парк „Јелоустоун“ за да открие дали сѐ уште е див и недопрен како на денот на неговото раѓање, и се навраќа на настаните кои довеле до неговото зачувување.

Спектакуларното враќање на Yellowstone - нови епизоди од сезона 5B се стримуваат сега.

Влези во светот на семејството Датон додека се обидуваат да ги зачуваат моќта, територијата и тајните на нивниот ранч во Монтана.

Yellowstone

Во кои држави на САД е снимена серијата „Yellowstone“?

Јута

Извонредните предели на Јута се истакнуваат во повеќе од 20 локации на многу од сцените во серијата „Yellowstone“. Всушност, првите три сезони речиси целосно се снимени таму.

Монтана

Во сезона 4, снимањето се сели во Монтана. Овде се наоѓаат многу локации, како што се ранчот на семејството Датон и индијанскиот резерват „Врана“. Други клучни локации за снимање на серијата се Хамилтон, Хелена и Мисула.

Тексас

Тексас се појавува во сезона 4, со претставувањето на ранчот „6666“ или „Четири шестки“. Снимен во близина на Гутри, Тексас, тој не е единствената нова локација. Овде е и малото кафуле во градот, „Кафичот на Мери Бразос“, кое исто така се појавува во „Yellowstone“.

Нурни се во сите три возбудливи серии на SkyShowtime

ПРИКАЗНАТА ЗА ПОТЕКЛОТО НА ЈЕЛОУСТОУН