Rabbit Hole
Во „RABBIT HOLE“, Кифер Сатерленд е во улогата на приватниот шпионски оперативец Џејмс Вир кој се наоѓа среде битка за зачувување на демократијата во непријателски свет полн со дезинформации, манипулација на однесувањето, држава која масовно надгледува и ги штити интересите на оние кои ги контролираат овие необични сили.
JOHN WEIR
played by Kiefer Sutherland
DR.BEN WILSON
played by Charles Dance
HAILEY WINTON
played by Meta Golding
ЏОН ВИР е брилијантен тактичар во светот на приватната шпионажа. Манипулирањето со луѓе и пазари во корист на неговите клиенти не е само работа, тоа е начин на живот за него. Животна цел на Вир е да го експлоатира системот што тој го обвинува за самоубиството на татко му. Но, големата вештина за играње игри и недовербата во мотивите на сите други му носат осаменички живот. Кога една работа ќе тргне наопаку, и тој ќе стане цел на мистериозни сили кои се надвор од негова контрола, Вир ќе стори сѐ за да ја открие вистината.
Д-Р БЕН ВИЛСОН ги осмисли стратегиите за придобивање срца и умови додека се соборуваат режими. Неговите познавања од психологијата и прагматичниот став го направија совршен оперативец на ЦИА. Неговата работа го направи параноичен и неспособен за цивилен живот бидејќи секаде гледа закани. Но, не станува збор за параноја ако навистина сакаат да те суредат. Тој е подготвен да ризикува сѐ за да го добие она што го сака, без разлика кој ќе настрада притоа.
ХЕЈЛИ ВИНТОН почнала од нула, сосема сама се пробива, се запишува на правен факултет и наоѓа одлична работа. Сѐ додека една случајна средба со Џон Вир не промени сѐ. Вир се сомнева дека Хејли не е она што се претставува. Дали е во право или е параноичен?
Откриј повеќе семејна забава.
Често поставувани прашања
- За што станува збор во серијата „Rabbit Hole“?
„Rabbit Hole“ е за еден приватен шпионски агент наместен за убиство. Кифер Сатерленд игра човек чиј живот е изграден врз лаги, кој заработува од лажење, кој е фрлен во битка на надмудрување кога е наместен за убиство на владин службеник — или можеби е нешто сосема друго.
- Колку епизоди има „Rabbit Hole“?
8 епизоди
- Каде е снимана „Rabbit Hole“?
„Rabbit Hole“ е снимана главно во градот Њујорк.
Понудата завршува на 09.12.2024 г. По 2 месеца, пакетот автоматски се обновува за 7,99 €/месечно, освен ако не го откажеш. Откажи во секое време. Само за нови претплатници. Најниска цена од 30 дена пред попустот. Важат правилата и условите.