Знаеме дека при создавањето сосема нова сметка на SkyShowtime преку skyshowtime.com или преку апликацијата SkyShowtime можеби ќе видиш резултати за друга земја.
Го разгледавме ова и веруваме дека се случува бидејќи геолокацијата на IP-адресата што ја користиш е поврзана со земја различна од онаа во која се наоѓаш. Близината до границата на соседните земји исто така може да биде причинител.
Како да знам дали имам проблем со геолокацијата?
Обрати се до операторот за интернет-услуги и побарај да ја потврди точната локација на твојата IP-адреса.
Исто така, може да се обидеш да се поврзеш на друг интернет-оператор, на пример, во кафуле или во трговски центар или, пак, да се префрлиш од Wi-Fi на мобилен интернет и обратно. Ако со тоа ги добиеш точните содржини од SkyShowtime за твојата земја, тоа веројатно значи дека има проблем со геолокацијата на твојата IP-адреса и интернет-операторот ќе може да те советува за следните чекори.
Што да направам ако мојата IP-адреса се совпаѓа со мојата геолокација?
Ако твојот интернет-оператор потврди дека локацијата на IP-адресата се совпаѓа со земјата во која се имаш регистрирано на SkyShowtime,, контактирај нѐ и имај ги овие податоци при рака:
-
Твојата IP-адреса
-
Во која земја си?
-
Која земја треба да ја имаш?
-
Производител/модел на уредот што го користеше за да се регистрираш на SkyShowtime
-
Дали се имаш поврзано со „Виртуелна приватна мрежа“ (VPN)?
-
Дали користиш Wi-Fi или мобилен интернет?
-
Дали сè уште се соочуваш со проблемот кога се префрлаш од мобилен интернет на Wi-Fi и обратно или кога се поврзуваш на друг интернет-оператор?
-
На кој интернет-оператор си?
Потоа ќе можеме дополнително да го истражиме ова.