Постојат некои сценарија во кои може да го изгубиш попустот „Половина цена доживотно“. Ако ги разбираш, и ако знаеш како функционира циклусот на наплата, ќе ти помогне да ги избегнеш тие сценарија..
Се префрлуваш на план со пониска цена
Кога го намалуваш планот т.е. кога се префрлуваш на план со пониска цена, попустот „Половина цена доживотно“ автоматски се отстранува од твојата сметка на крајот на последниот циклус на наплата, кога стапува во сила намалувањето.
На пример: ако се регистрираш за планот Стандарден плус на 1 јуни и на 15 јуни, се префрлуваш на планот со пониска цена, Стандарден со реклами. Вистинското намалување ќе настане на 1 јули, кога завршува последниот циклус на наплата. Од тој ден, повеќе нема да се квалификуваш за попустот „Половина цена доживотно“, којшто ќе биде отстранет од твојата сметка.
Го менуваш месечниот план за плаќање во годишен
Промената од месечно во годишно плаќање вклучува откажување на месечната претплата и регистрирање за годишна претплата. Тоа ќе предизвика губење на понудата „Половина цена доживотно“.
Не можеме да ти наплатиме поради проблем со твојот начин на плаќање и твојот план е откажан
По неколку неуспешни обиди за наплаќање, твојот план ќе биде автоматски откажан. Како резултат на откажувањето, попустот „Половина цена доживотно“ ќе биде отстранет од сметката и нема да може да биде вратен ако одлучиш да го ажурираш начинот на плаќање и повторно да го отпочнеш планот подоцна.
За да се избегне ова, ти препорачуваме:
-
Провери дали начинот на плаќање е ажуриран и дали има доволно средства за да се избегнат проблеми со обновувањето.
-
Следи го статусот на претплатата, особено кога се наближува датумот за обновување.
Го откажуваш планот, но одлучуваш повторно да се приклучиш по некое време
Откажувањето секогаш ќе резултира со губење вредни понуди кои се применети на твојата сметка. Еден начин да се избегне тоа е повторно да го отпочнеш планот пред да заврши последниот циклус на наплата.
Ти треба повеќе помош? Контактирај нè.