Постојат некои сценарија во кои може да го изгубиш попустот „Половина цена доживотно“. Ако ги знаеш, може да го спречиш губењето на попустот.
Исто така, ако разбереш како функционира циклусот на наплата, тоа ќе ти помогне да останеш во тек со сите претстојни промени на твојот план.
Се префрлуваш на план со пониска цена
Кога го намалуваш планот т.е. кога се префрлуваш на план со пониска цена, попустот „Половина цена доживотно“ автоматски се отстранува од твојата сметка на крајот на последниот циклус на наплата кога стапува во сила намалувањето.
На пример: Се регистрираш за планот „Стандарден Плус“ на 1 јуни. На 15 јуни, го намалуваш и се префрлуваш на планот на „Стандарден со реклами“. Вистинското намалување ќе настане на 1 јули, кога последниот циклус на наплата ефективно завршува. На тој ден, повеќе нема да се квалификуваш за попустот „Половина цена доживотно“, којшто ќе биде отстранет од твојата сметка. Оттогаш, ќе ја гледаш целосната цена на твоите сметки.
Пред да го намалиш планот, ти препорачуваме внимателно да ги разгледаш последиците од промената на планот, особено во однос на попустите и придобивките.
Имај предвид дека ако предоцна сфатиш какво влијание има намалувањето, нашиот тим за грижа за клиентите ќе може да го врати твојот попуст.
Го менуваш месечниот план за плаќање во годишен
Промената од месечно во годишно плаќање вклучува откажување на месечната претплата и купување годишна претплата. Тоа ќе предизвика губење на понудата „Половина цена доживотно“. Затоа, размисли за ова пред да ја направиш промената.
Не можеме да ти наплатиме поради проблем со твојот начин на плаќање и твојот план е откажан
Ако не може да ти се наплати преку твојот начин на плаќање за време на обновувањето, на пример, затоа што картичката е истечена или нема доволно средства, системот нема да може да ја изврши наплатата. По неколку неуспешни обиди за наплаќање, твојот план ќе биде автоматски откажан. Како резултат на откажувањето, попустот „Половина цена доживотно“ ќе биде отстранет од сметката и нема да може да биде вратен ако подоцна одлучиш да го ажурираш начинот на плаќање и повторно да го отпочнеш планот.
На пример:Следниот датум на обновување е 1 јули. Се обидовме да наплатиме, но наплатата не можеше да се обработи бидејќи картичката е истечена. Системот ќе се обиде да изврши наплата преку твојата картичка секој ден три дена по ред, па секој втор ден, а потоа до 27 дена или максимум 15 обиди, „грејс период“. За време на грејс периодот, ќе може да го обновиш планот без да ги изгубиш придобивките. Ако го ажурираш начинот на плаќање во рамките на овој период, можеш да го задржиш попустот „Половина цена доживотно“.
Во спротивно, ако грејс периодот истече, понудата „Половина цена доживотно“ или која било друга понуда што е применета на твојата сметка ќе биде трајно изгубена. Така, на пример, ако одлучиш да го ажурираш начинот на плаќање по откажувањето и повторно да го отпочнеш планот, нема да можеме повторно да го додадеме попустот на твојата сметка.
За да се избегне ова, ти препорачуваме:
-
Да провериш дали начинот на плаќање е ажуриран и дали има доволно средства за да се избегнат проблеми со обновувањето.
-
Да го следиш статусот на претплатата, особено кога се наближува датумот за обновување.
-
Ако планот не може да се обнови поради проблеми со плаќањето, повторно отпочни го додека трае грејс периодот за да го задржиш попустот „Половина цена доживотно“.
Го откажуваш планот, но одлучуваш повторно да се приклучиш по некое време
Откажувањето секогаш ќе резултира со губење вредни понуди кои се применети на твојата сметка. Еден начин за да се избегне тоа е повторно да го отпочнеш планот пред да заврши последниот циклус на наплата.
На пример: Ако се имаш регистрирано на SkyShowtime на 1 јуни и го имаш откажано планот на 15 јуни, последниот циклус на наплата ќе заврши на 1 јули. Ако повторно го отпочнеш планот во кое било време пред тоа, ќе имаш право да го задржиш попустот „Половина цена доживотно“.
Ти треба повеќе помош? Контактирај нè.